| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Мојс има целосна поддршка и ако Сандерленд испадне од Премиер-лигата

dejvid mojes

Бордот на директори на Сандерленд го потврди менаџерот Дејвид Мојс дури и ако тимот испадне од Премиер-лигата. Веројатно оваа вест нема да ги израдува навивачите на „црните мачки“, кои со недели протестираат против Мојс.

Сопственикот на клубот Елис Шорт лично му соопштил на Шкотот дека во рацете има долг проект и дека не треба да се грижи да не добие отказ.

Сандерленд грчевито се бори за опстанок во елитата и на два месеца до крајот на сезоната е последен со 20 бода и шансите да не испадне не му се големи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top