СДСМ го покажува својот внатрешен расцеп во пресрет на локалните избори. Претседавачот со Советот на општина Центар, Мирислав Шиповиќ, поднел оставка која треба да биде констатирана на следната седница. Во оставката е наведено дека се поднесува од лични причини, но на својот прифил на „Фејсбук“ Шиповиќ веќе отворено го критикува работењето на актуелниот градоначалник Андреј Жерновски.
„Се замолуваат граѓаните на општина Центар во следните недели да не го тражат градоначалникот за да не му прават трошоци во роаминг“, напиша Шиповиќ на 25 март.
„Јавно го прашувам градоначалникот по кој член и од кој закон ја стопиравме изградбата на улицата на Кеј? Тој викенд во Истанбул беше кога ги спремавме документите“, изјави Шиповиќ.
Жерновски, пак, се понадева на поддршка од СДСМ за негов градоначалнички реизбор, па наместо во неговата ЛДП, се кандидираше во СДСМ. Но, пред да се замрзне партискиот избор на кандидати, весникот Дневник објавува дека партијата својата доверба ја насочува кон директорот на „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ, кој во својот мандат повеќе одработуваше за СДСМ отколку за Центар.
Кандидатура за Центар посакуваат и Софија Куноска и Јани Макрадули. Оттука весникот наведува дека Жерновски, најверојатно, ќе тргне во самостојна трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.