| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: Следната недела Ѓоковиќ ќе игра Дејвис-куп, не сум сигурен дека е повреден

rafa-nadal-novak-djokovic

Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал синоќа во финалниот дуел од мастерс-турнирот во Мајами загуби од Роџер Федерер. Пред овој дуел седмиот рекет на листата на АТП говореше за легендарниот Швајцарец, но ја искористи можноста да го искаже своето мислење за состојбата со Новак Ѓоковиќ, велејќи дека се сомнева дека тој е повреден.

– Не знам, наредниот викенд ќе настапи за Србија против Шпанија, така што се сомневам дека е во прашање некоја повреда – вели Рафа.

Надал го откажа настапот за Дејвис-купот поради умор, а, исто така, пред повеќе од еден месец го откажа настапот во Осијек на мечот од осминафиналето против Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top