Советот на фестивалот „Танц Фест 2017“ донесе едногласна одлука, наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“ за 2017 година, да и биде доделена на Јагода Сланева, примa-балерина во пенизја нa Македонскиот национален балет.
Јагода Сланева е дел од првата генерација ученици на Балетот при Македонскиот народен театар која го завршува Средното балетско училиште во Скопје во класата на Јуриј Мјачин, професор-гостин од Санкт Петерсбург. Сланева ја почнува својата кариера во 1968 година со изведба на “Pas de deux” од балетот “Оревокршачка“ на музика на П.И.Чајковски, а ја завршува во 1992 година со улогата на Марија во балетот „Бахчисарајска Фонтана“. Во својата извонредно богата кариера, Јагода Сланева игра главни улоги во најзначајните балети од, таканаречениот „железен“ репертор на класичната балетска уметност, како Жизел во балетот „Жизел”, Китри во балетот „Дон Кихот” , потоа Јулија во балетот „Ромео и Јулија” , Кармен во балетот „Кармен”, насловните улоги во балетите: „Легенда за љубовта“, „Ѓаволеста девојка”, „Мирандолина”, „Лабин и Дојрана”, „Песна над Песните”, како и други модерни балети. Како примабалерина на македонскиот балет таа остварува гостувања на различни сцени во Франција, Германија, Полска, Романија, Канада, Словенија, Србија,Хрватска и други земји.
Сланева работи и како педагор – репетирор во Македонскиот Национален Театар во 2006 год, а како кореограф соработува на повеќе детски претстави во театрите во Скопје, во театарските представи во повеќе театарски куќи во Маакедонија, како и на повеќе проекти во независна продукција.
Сланева работи како кореограф на ТВ серијата „Аплаузи” и проектот „Сенки во ноќта” од Бодан Арсовски во Македонската Телевизија.
Со својата префинетост во креирањето на улогите, лиричноста и извонредните уметнички креации Сланева остава неизбришлива трага во историјата на балетската уметност во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.