| четврток, 6 декември 2018 |

Само небото е лимит за Федерер, на 35 години го освои Мастерсот во Мајами (видео)

Роџер Федерер е победник на Мастерсот во Мајами и ја продолжува доминацијата во 2017 година. По Австралија Опен и Индијан Велс, 35-годишниот Швајцарец го освои и турнирот во Ки Бискејн, откако во меч кој траеше еден и пол час, го совлада големиот ривал Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-3, 6-4). Ова е трета титула на овој турнир за најтрофејниот тенисер воо историјата на Грен слем турнирите и негов 91. трофеј во кариерата.

Старите ривали играа многу поизедначен меч за разлика од тој пред две недели во Индијан Велс, но откако Надал не ги реализира своите брејк топки, Швајцарецот беше немилосрден и во одлучувачките коменнти ги казни шансите кои Шпанецот му ги укажа.

Најнапред Федерер направи брејк во осмиот гем, а потоа го потврди сетот, а нешто слично се случи и во вториот сет, каде Федекс направи брејк при 5-4 и потоа со одличен сервис го потврди сетот и победата.

Од утре Швајцарецот ќе биде светски рекет број 4, а на врвот останува Енди Мареј кој не настапи во Мајами заради повреда. Мастерс серијата се сели на земја и за три недели се игра турнирот во Монте Карло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top