| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Борбата која ја водам за мене е аманет!

Македонското ткиво е разнебитено од разно-разни служби, службеници, платеници, кодоши офицери, скриени, неоткриени или, пак, по нивното дејствување повеќе од јасно што се, истакна денеска во своето обраќање еден од иницијаторите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски.

-За мене, борбата и мислата која ја водам е аманет, чувство. Дали е тоа генетско, дали е психолошко, оставам на други да заклучат. Меѓутоа, оваа борба не смеам да ја оставам без мое учество и тоа се моите мотиви, тие се фамилијарни, генетски, психолошки и никој ни југосоловенското кое беше силувано врз нас да се пишеме југословени, служевме во ЈНА, никогаш не сум заборавил, што сум, од кај сум и додека учев за оружјето знаев за што би го применил. Овој пат се приклучив кон ова со мојот стар колега, а многу помлад по години Богдан, уште во 2008 година направивме еден од поголемите протести, за зачувуање на името, случајно или не на исти датум на кој ги почнавме и овие протести – рече Дамовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top