| четврток, 6 декември 2018 |

Филе: Косово „специјален гостин“ во Охрид

Косовската делегација има специјален статус на формалниот самит на министри, рече еврокомесарот за проширување Шефан Филе во разговор со новинарите денеска во Охрид. Филе изрази задоволство што седнал на заедничка маса со сите земји на Балканот, меѓу кои „специјален гостин“ бил министерот за надворешни работи на Косово.

– Многу ми е драго што сите седнавме на иста маса, и министерот за надворешни работи на Косово како наш специјален гостин – рече Филе.

Филе не сакаше да ги наброи отворените прашања на Балканот, но порача дека ЕУ е отворена за интеграција и почнување преговори со земјите-кандидати.

– Нема да ги листам отворените прашања, но ќе кажам две работи. Прво, со договорот од 19 април меѓу Белград и Приштина, ако се има желба и разбирање, политичарите имаат можност да решат голем дел од проблемите. И тогаш големи чекори ќе се направат во регионот. И се надевам дека оваа моја порака денес ќе биде инспирација за сите лидери од Западен Балкан. Второ, ЕУ е отворена за интеграција и почнување преговори со земјите- кандидати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top