| четврток, 6 декември 2018 |

Чувар во џамија во Пакистан убил 20 верници со мачета

Чувар на суфитска џамија во градот Саргода во пакистанската провинција Пенџаб, денеска уби најмалку 20 верници, кои дошле на молитва во храмот.

Како што јави ДПА, чуварот ги повикувал жртвите во една просторија во џамијата, каде им давал да се напијат опивка, по што ги убивал со мачета или стап. Меѓу убиените има и четири жени.

Веднаш по откривањето на настанот, полицијата го уапсила 50-годишниот чувар на џамијата Абдул Вахид, кој изјавил дека ги убил верниците затоа „што стравувал дека сакаат да го убијат“.

Претставник на локалната полиција изјави дека Вахид имал „психички проблеми“, но нагласи дека не е исклучена можноста да станува збор за настан поттикнат од борбата за контрола врз џамијата.

Покрај Вахид, полицијата приведе уште две други лица, под сомнеж за поврзаност со инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top