Во исклучително сложени околности, во време на голема сериозност на состојбите и комплексна политичка криза, во мигови кога СДСМ и нејзините полуги во повеќе сфери постојано продуцираат лажни вести и се обидуваат да претстават една искривена слика, притоа некористејќи аргументи, туку празни зборови и лажни кфалификации, обидувајќи се да ги поткопаат сите вредности во нашето општество, ние сепак продолжуваме да работиме и реализираме проекти, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Тоа е така затоа што нашиот збор пред граѓаните е наша должност која ја исполнуваме. Капиталните инвестиции се тие кои обезбедуваат стабилност и се потенцијал кој ја движи економијата напред. Инвестициите во изградба на нови патишта не запираат. Активно тече градбата на новиот автопат Скопје-Штип. Инвестиција е проценета на 206 милиони евра. Целосно е пробиена новата траса, а асфалтирани се околу 30 километри од вкупно педесетина, напиша Груевски.
Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 60 проценти, а оваа капитална инвестиција обезбедува работа, сигурна егзистенција на 800 работници во овој момент.
-Источна Македонија ќе добие автопат кој освен што ќе користи за граѓаните, ќе биде значаен и за развојот на бизнисот и економијата. И освен овој автопат, се работи на уште 5 други автопати. Во финална фаза е изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, се работи на автопатот Кичево – Охрид, во завршна фаза е реконструкцијата на Смоквица – Гевгелија, како и реконструкцијата на автопатот Куманово – Скопје (Миладиновци), а во тек е и реконструкцијата на Неготино Демир Капија. Сето ова се инвестиции од над 800 милиони евра кои се реализираат во моментот. Капитални потфати кои остануваат за сите идни генерации, автопати кои ќе ги користат и ги поврзуваат и Македонците и Албанците и Турците и Ромите и Власите и Србите и Бошњаците и сите други, проекти кои претставуваат потврда дека Македонија може да оди напред, може да се развива само доколку се има визија, знаење и мотивација за успех. Зборот вреди само доколку се оствари. Ние тоа сме докажале дека умееме да го правиме, напиша Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)