Сорос имаше исклучиво силна улога за случувањата во Македонија, што се гледа од неговата јасна финансиска поддршка на невладините организации во суштина политички организации, кои беа финансирани од Американската амбасада која сака да ја сруши владата на Груевски, вели во интервју за словенечката НОВА24ТВ, политичкиот аналитичар Себастијан Јеретиќ.
Тој во интервјуто зборува за влијанието на Сорос во Македонија, но и за политичката криза, притисоците од меѓународната заедница врз претседателот Ѓорѓе Иванов и распишувањето на нови избори како решение за надминување на политичката криза.
-Никола Груевски имаше јасна победа на изборите во декември, со релативно мнозинство, а победи и неговиот партнер, партијата ДУИ и веќе имаа мнозинство, се додека не се вмеша соседна држава, но и ЕУ и го попречија формирањето на Влада во континуитет. Затоа и самиот мислам дека најдобро би било да се повторат изборите и да се види како ќе се одлучат граѓаните. Многу е важно каква одлука ќе направи македонското гласачко тело на овие избори, смета Јеретиќ.
Ако погледнеме исклучиво во бројки, нагласува Јеретиќ, рекордниот резултат на ВМРО ДПМНЕ беше 400.000 гласови во најсилните времиња, а минатата година и покрај сите напади и притисоци, иако социјалдемократите купија и 15.000 ромски гласови, добија 450.000 гласови.
-Со еден збор, основниот резултат и поддршката на Македонците загосподинот Груевски доби речиси ист број на гласачи. Во секој случај е изненадувачки високиот резултат на господинот Заев заради основани индиции добиени од разузнавачка мрежа, дека покрај тие гласови на Ромите, социјалдемократите купија и приближно 60-70.000 албански гласови, што претставува големо изненадување, бидејќи порано Албанците не гласале за македонски партии. Истовремено и моментот што одредени аналитичари го гледаат е дека во претходната таканаречена техничка влада, на социјалдемократите им припадна МВР и дека со поранешни структури на УДБА ја искористија позицијата и се поврзаа со одредени криминални мрежи, што им ја овозможија таа разлика. Но и покрај сите тие притисоци, купување гласови и слично, Груевски победи и доби поголемо мнозинство и веќе имаше принципиелен договор со традиционалниот албански партнер ДУИ од порано. Јас бев во јануари во Скопје, истиот ден кога Груевски составуваше влада и веќе во 19 часот имаше договпор со Ахмети, лидерот на ДУИ. Но, тогаш дојде телефонски повик од Тирана од страна на претседателот на Албанија, кој му забрани влез во таа влада, што беше и темелна причина претседателот Иванов да не му додели мандат на господинот Заев, рече Јеретиќ
Што се однесува до прашањето како е можно туѓа држава да се меша во внатрешни работи, Јеретиќ покажува еден пример:
-Ако на пример во Словенија на изборите од 1996 година што ќе помислевме ако постоеше волја за мнозинска влада и претседателот на владата на Италија или Унгарија го повикаа својот претставник односно претставниците на италијанското и унгарското малцинство и би му наредиле да влезе во една или друга коалиција, еоа би бил скандал со меѓународна димензија. Но, тоа се случи во Македонија и тоа е причина повеќе што претседателот Иванов не сака да му го даде мандатот на Заев, иако има собрано потписи од Албанците и би можел да состави влада, но не сака да дозволи бидејќи соседна држава се меша во составувањето на влада во една суверена држава. Но тука не го разбирам притисокот на ЕУ која бара од Иванов да не го крши Уставот, зошто не сака да го додели мандатот. Тука е важен следниот момент. Уставот на Македонија е така да го наречам со некои празнини, недоречености, зошто не е целосно одредена процедурата како што е во словенечкиот устав и тука еден од најважните моменти е дека единствено претседателот на државата може да додели мандат за составување Влада, вели Јеретиќ.
Јеретиќ додава дека ако се погледне БДП, Македонија има и стабилност и економски развој.
– Погледајте ја Македонија, беше исклучително успешна во привлекување странски инвестиции, развојот на туризмот, што не се прелеа во повисоки плати, но имаа стабилност. Македонското стопанство сега е помоќно од колку кога излезе од Југославија и затоа ме чуди што нема поголем интерес на светскиот капитал да помогне. Владата на Груевски води мошне либерална политика, па затоа и меѓународниот капитал би морал некако да му биде наклонет, води инзвонредна даночна политика за странските инвестиции, а не доби поддршка од меѓународните кругови. Јас сметам дека поголема поддршка на Вишеградската група ќе влијае да го смени односот на ЕУ кон Македонија и се надевам дека е можно да го блокира притисокот за неуставно решение на проблемот во Македонија. Сметам дека е најдобро изборите да се повторат, тие може да се одржат и со локалните кои се редовни до крајот на мај, но не беа распишани заради моменталната политичка криза и би било добро повторно да се пребројат политичките партии и парламентарните избори да се повторат, бидејќи како што реков изборите во декември беа со јасна победа на Груевски со релативно мнозинство, но победи и неговиот партнер, партијата ДУИ и имаа веќе на некој начин влада, се додека не се вмеша соседна влада и ЕУ и го попречи формирањето на влада во континуитет. Затоа и самиот мислам изборите да се повторат и да се види како по повторените избори ќе се одлучат граѓаните. Многу е важно како ќе се одлучи Македонското гласачко тело на една страна особено сега кога целосно е разоткриен договорот на Заев со Албанија и конечно дали Албанците ќе дозволат уште еднаш голем број гласови да отидат кај СДСМ или ќе ги вратат кај своите албански партии, вели Јеретиќ.
Јеретиќ повторува дека она што било преседан на изборите е големиот дел на албански гласови кои отидоа на страна на СДСМ и можноста да имаат министер за внатрешни работи им овозможи да имаат пристап до одредени архиви на одредени криминални структури и тука се 50-60 илјади гласови, кои го направија тој резултат.
-Покрај тоа, Заев имаше силна изборна кампања, психолошката војна во земјата траеше две до три години за да го мобилизира опозициското тело. Малата разлика се темели пред се на купените албански гласови и купените ромски гласови. Во такви држави анкетите кои се прават телефонски или теренски знаат да го предвидат резултатот речиси точно, таму се знае за секое семејство, за секое племе како гласа и пред изборната математика е сосема предвидлива. Така во Црна Гора имаше отстапка само за 1% во зависност дали е некој во странство и дали некој друг ги однел своите на гласање. Таа непознаница во Македонија се темели на претпоставката дека со повторно превземање на министерството за внатрешни работи беа разгледани сите изборни резултати од претходните избори и со микро таргетинг се стартуваат сите апстиненти, со што Заев го оствари максимумот, вели Јеретиќ.
Тоа при повторни избори, нагласува тој, повеќето аналитичари очекуваат не само дека Груевски ќе ја повтори победата, туку дека ќе ја повтори со доста поголеми разлики со што би бил и поголем притисокот и за партијата ДУИ традиционалниот партнер и да имаат изговор да и кажат на Тирана НЕ и да продолжат понатаму во Влада која направила доволно и за Македонија и за албанските заедници.
Во однос на странското мешање во изборите, Јеретиќ со став:
-Америка се мешала во избори во некои други земји, но никаде толку брутално како во Македонија. Како ќе биде на следните избори, дали Русија ќе се меша или не е само прашање, но во таа регија се забележува мешање на Турција. Конкретно Македонија е многу важна за господинот Ердоган, затоа што има силни финансиски кругови кои извираат од Македонија. И да кажеме четвртата партија на изборите БЕСА е крајно исламистичка и е во непосредна врска со Турција. Видовме дека Турција се вмеша на изборите во Бугарија. Со еден збор, покрај Америка и Русија, во наредните избори ќе се вмешува и Турција.
Јеретиќ повторува дека за да се излезе од уставната криза, мора да се повторат парламентарните избори.
-Секое друго решение надвор од Уставот што би добило зелено светло од ЕУ би можело да биде сериозен предуслов за војна или некои сериозни негативни случувања, бидејќи македонските улици последниот месец се полни, како патриотски така и противпатриотски сили и мислам дека е најдобро изборите да се повторат. За Словенија е многу важно Македонија да се стабилизира, особено заради мигрантскиот бран, а како што кажав Македонија во таа смисла одигра важна улога за Европа и важна хуманитарна улога и соработуваше како со ЕУ така и со Турција, и со Грција во крајната фаза и покрај напнатоста помеѓу двете држави. Сметам дека за Словенија е важна стабилна Македонија и целовитост на регионот, заклучува Јеретиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)