Регионалната фудбалска лига на територијата на поранешна Југославија, како и некои други околни земји, натпреварување во кое би учествувал најмалку еден тим и од Македонија, веќе две децении се заговара на Балканот, имаше информации и дека е блиску до реализација, но првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, објаснува дека најголема кочница е безбедносниот ризик. Тој беше во посета на Фудбалскиот сојуз на Србија и истакна дека УЕФА размислува за ваков чекор, но тој сепак е се уште далеку од реализација.
– Досега имало само размислувања за Регионалната лига и ништо повеќе. Имаше и доста дезинформации на таа тема, па дури и дека УЕФА подготвила систем за натпреварување, шѕо не е вистина. Ние размислуваме за формирање на регионални лиги, но не само во овој регион, туку и во останатите делови од Европа, затоа што пстои интерес за тоа. Сепак, регионалните лиги никогаш нема да ги заменат националните првенства. Домашните натпреварувања се базата на фудбалот во секоја држава. Нема ништо освен размислувања за Регионалната лига, пред се затоа што постои голем безбедносен ризик. Тоа е најголемата кочница, но сигурно дека интензивно ќе работиме на оваа тема – изјави претседателот на УЕФА, при гостувањето во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.