| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално започна истрагата за финансиите: Нејмар и Мбапе летаат од ЛШ?

УЕФА објави дека е започната официјална истрага за големото трошење пари на ПСЖ ова лето.

„Светците“ најпрвин го откупија Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а вчера на последниот ден од преодниот рок го доведоа Килијан Мбапе на заем од Монако.

Управата на клубот од „Паркот на Принцовите“ се обиде да го заобиколи финансискиот ферплеј, Нејмар наводно сам ја платил својата клаузула на Барселона, поточно државата Катар преку договор за спонзорство испрати пари на „Камп Ноу“ за негов откуп.

Тука челниците од Париз не застанаа со „мали измами“, Мбапе го доведоа на позајмица до крајот на сезоната, со можност за откуп на неговиот договор.

Тие на сметка на „Кнежевството“ наредното лето ќе мора да платат 135 милиони евра, а Монако ќе добие и додатни 45 милиони како бонуси.

Значи, ПСЖ купи играчи за 402 милиони евра, што е во спротивност со правилата на Финанскиот Фер Плеј, за да се започне истрага доволно е еден клуб да потроши над 200 милиони евра, а тие потрошија двојно повеќе.

Уште ако додадеме дека за трансферот на Јури Берчиче од Сосиедад платија 16 милиони евра, јасно е дека ја прекршиле секоја мерка.

Истрагата е започната, а на клубот од Париз му се заканува исфрлување од Лигата на шампионите, натпреварување за кое сонуваат да го освојат и поради што практично ги донесоа овие „бомбастични“ засилувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top