Лидерот на табелата во Премиер лигата, Челси, доживеа изненадувачки пораз на домашен терен (1-2) од Кристал Палас. Тоа го искористи Тотенхем кој славеше со 0-2 на гости против Барнли, и се доближи на седум бода негатива во пресрет на последните девет кола од шампионатот на Англија.
Фабрегас во петтата минута го доведе Челси во водство на „Стемфорд бриџ“, но Кристал Палас реагираше експресно за четврти триумф во низа. Вилфрид Заха во деветтата минута го израмни резултатот, а Кристијан Бентеке две минути подоцна постигна гол за целосен пресврт.
Тотенхем го победи Барнли на гости со 0-2, со головите на Даер во 66.минута и на Сон во 77.минута.
Манчестер јунајтед одигра реми без голови на „Олф трафорд“ против ВБА, а Лестер оствари значаен триумф (2-0) над Стоук.
Резултати Премиер лига:
Челси – Кристал Палас 1-2, Манчестер јунајтед – ВБА 0-0, барнли – Тотенхем 0-2, Хал сити – Вест Хем 2-1, Лестер – Стоук 2-0, Ватфорд – Сандерленд 1-0, Ливерпул – Евертон 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)