Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на фејсбук објави статус во кој се оградува од разноразни т.н. тврдокорни групи кои упорно се обидуваат со недоличен говор и однос да ги навредуваат етничките заедници во Македонија.
„Крајна цел им е да бидат поистоветени со Граѓаните за Заедничка Македонија“, се вели во Фејсбук статусот на Граѓанската иницијатива.
„Ваквите обиди на оваа група за која и Зоран Заев се пофали дека имал средба со нив ги сметаме за ништо повеќе од провиден обид да се фрли сенка врз нашата иницијатива која има определени цели и идеали дијаметрално спротивни од недоличните зборови, подбуцнувања и закани кои ги упатуваат групите кои состанчат со Заев и закажуваат протести на места на кои сме секој ден, се со гореспоменатата цел.
Ние сме за Заедничка Македонија во која рамноправно и достоинствено ќе живеат сите граѓани. Мултиетничко, а не бинационално општество до кое водат ваквите т.н. “тврдокорни” изливи на недоличност кои ги осудуваме.
Нема да дозволиме разнебитување на духот на народот и позитивната енергија со која зрачат луѓето кои ја сакаат оваа земја и ги почитуваат своите комшии. 34 дена достоинствено и домаќински повикуваме кон нашите цели и тие им се добро познати на сите граѓани. Затоа одзивот е голем, се поголем и поголем и затоа остваруваме победи.
Диверзантските групи кои после состаноците со Заев се трудат на секој начин да фрлат дамка над нашата демократска и достоинствена борба веќе се препознаени и нема да успеат.
Ги повикуваме сите чесни патриоти да не дозволат да бидат изманипулирани од ваквите групации со зли намери. Местото на секој кој сака Заедничка Македонија му е меѓу нас. На ксенофобите и шовинистите местото не им е меѓу нас.
Повеќе сме. Неброено многу повеќе. И ќе победиме со заедништвото против оние кои сакаат минирање на ова најголемо граѓанско движење преку проѕирни обиди за подметнувања и манипулации“ се вели во соопштението.
Ваквата реакција на „За заедничка Македонија“ доаѓа по ФБ статусот на таканаречените „Тврдокорни“.
За оваа групација медиумите веќе пишуваа дека се инсталација на таканаречената десница, која одработува за СДСМ и Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“