| четврток, 6 декември 2018 |

Актерската легенда се врати од мртвите: Не сум добро, но не се ни предавам (ФОТО)

Немам зборови, возбуден сум. Овој филм е мојот прв документарен филм и се погоди во време кога здравјето не ме служи, но одиме понатаму, го започна првиот говор актерската легенда Љубиша Самарџиќ пред полното гледалиште на отворањето на најстариот филмски фестивал во Србија, Мартовскиот фестивал.

ljubisa-samardzic-ataimages-02

Белградскиот фестивал на документарни и краткометражни филмови беше отворен со неговиот филм „Панта реи“и филмот „Бункер 93“ на Пируша Ѓорѓевиќ.

58ddfa2d-1f74-4a52-a518-43d70a0a0a66-ljubisa-samardzic-1-previewOrg

Филмот на Самарџиќ е автобиографски и опфаќа цел спектар ликови, од тткото рудар до сопругата Мира, која му е голема поддршка во животот.

Популарниот актер и режисер Љубиша Самарџиќ во декември беше итно опериран, а медиумите сега наведуваат дека тој ја води најважната битка – битката за живот.

jh5ktkqTURBXy8yZTJhMDQxYzc2Y2ZlOTBmMjNhMGI2YjA5ZWNkNTJiNC5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Со поддршка од најблиските, 80-годишниот актер се бори да закрепне, по многубројните компликации со кои се соочил кон крајот на минатата година.

NwdktkqTURBXy85ZGU2ZWRhZmFjMjcwYTRiZDA5NThlMWRhN2Q5YzQyNi5qcGVnkZMCzQMmAA

Бидејќи тој не сакал никого да оптоварува со своите проблеми, за неговото нарушено здравје јавноста не знаеше ништо, па веста дека тој имал операција на мозокот изненади многумина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top