Претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, во интервју за „Капитал“, вели дека најверојатно ќе го финансира автопатот Приштина – Скопје.
Во моментот, вели тој, ЕБРД со Македонија преговара за два големи проекти. Освен за автопатот Приштина – Скопје, Чакрабарти не сакаше да открие за кои други проекти станува збор. Вели дека преговорите сѐ уште се во тек.
Според него, Македонија добро напредува и добро се справува со економската криза.
– Македонија можеби најдобро се справува со кризата од другите земји во регионот – вели тој и додаде:
„Ние имаме доверба во Македонија. Земјата добро се справува со економската криза. Позитивно сме изненадени од начинот на кој македонската влада ја „продава“ земјава и на тој начин привлекува странски инвеститори“.
Но, за подобар раст на економијата и подобрување на општата кондиција на земјата, Чакрабарти препорачува Македонија да продолжи со барањето на нови странски инвеститори, но и да работи на подобрување на инфраструктурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Затворен автопат, се распукал од жештина (фото)
-
Џафери нервозен до пратениците: Ова не е автопат (видео)
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ