
Субвенциите се од исклучително значење за земјоделците. Токму затоа научната јавност ги поздравува владините субвенции во земјоделството.
-Мора да се истакнат политиките кои последниве години се водат во Република Македонија и тоа пред се по аспект по нивната обемност, нивната структуираност и од аспект на нивнооприлагодување со програмирањето како што е Европската унија. Република Македонија за прв пат во 2007-та година изработи веќе стратешки документ кои што соодејствува со останатите документи кои што ги прави Европската унија и тоа е стратегијата 2007/2013, а сега веќе имаме и нова стратегија 2014/2020- изјави за Курир, Драги Димитриевски, декан на Земјоделскиот факултет во Скопје.
-По однос на овие стратешки документи се гледаат стварно сериозни политики во областа на земјоделството, пред се во буџетските трансфери кои што одат до земјоделците, а секоја година растат и стигнаа до 150 милиони и морам да кажам дека тоа е едно сериозно напредување во однос на претходните периоди, но и сериозно во однос на другите земји во регионот, кои што се држави кои имаат тенденција да ги усогласуваат политиките према она што се случува денеска во современите политики пред се во ЕУ – рече Димитриевски.
Овие политики имаат за цел да им помогнат на земјоделците да остварат соодветен доход со кои што би можеле да го подобрат животниот стандард, пред се како директните плаќања како субвенционирањето, но и средствата за програмите за рурален развој кои што достигнуваат значителни средства веќе се стабилизираат околу 30 проценти од вкупните буџетски средства или 150 милиони евра и околу 30 проценти да одат за подобрување на животот во руралните средини, потенцираше Димитриевски.
Тој истакна и дека овие субвенции во одредени сектори имаат силно влијание да не ги загубат тие производства, да не се загубат производните капацитети како што се лозарството, овоштарството, градинарството, тутунопроизводствотои веќе 30 проценти од она што го добиваат како вкупен прихот од продажба тие приходи се од субвенции.
-Мора да се истакне дека дел од субвенциите доцнат и често пати се полемизира дека државата или владата не ги исплаќа, тоа секаде е така и законски субвенциите од претходната година се исплаќаат до 30 јуни наредната година. Тука спаѓаат и одредените законски ограничувања како што се изборите, бидејќи за време на избори законски е забрането да се исплаќаат субвенции, но еве сега гледаме дека се прават напори за да почне исплатата на тие субвенции и верувам дека ќе се исплатат, но критериумите треба да ги исполнат и земјоделците. Македонското земјоделство без една ваква политика, без едно вакво 10 годишно силно инвестирање во земјоделството сигурно дека ќе беше некаде назад и сигурно дека некои потсектори би биле веќе напуштени и верувам дека ќе се продолжи со една ваква политика и поинтензивен пристап кон земјоделците, заклучи Димитриевски.
Професорот Владо Џабирски од Земјоделскиот факултет во Скопје за Курир вели дека Субвенциите кои се однесуваат на аграрот, последните 10 години значително учествуваат во приходот на фармерите, што се гледа и од самото производство.
Тој вели дека субвенциите се комплементарни со останатите политики во аграрот, и како што рече, сите тие заедно, учествуваат во политиките за поддршка на аграрот, издвојувајќи го проектот за рурален развој.
-Судејќи по податоците кои се достапни во делот на сточарскиот сектор имаме значително подобрување на производството- истакна Џабирски.
Тој посочи дека значително е зголемено вкупното производство на овчото млеко, како и дека свинското месо е значително зголемено.
-Иако статистиката укажува дека вкупниот бројот на приплодни овци не се менува, сепак бројот на приплодни овци е значително покачен за околу 30 до 40.000 приплодни овци во временскиот период откога се применети директните плаќања во сточарството- подвлече професорот Џабирски.
Објасни дека ова всушност укажува на стагнација, потенцирајќи дека според него е успех, со оглед на миграцијата на населението од село во град.
-Токму оваа поддршка на фармерите овозможува да опстанат земјоделските стопанства и да ја задржат бројната состојба и да овозможат некаков напредок, односно зголемено производство- истакна професорот.
Ванчо Костадиновски заменик министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство вчера рече дека земјоделците до крајот на месецов ќе ги добијат субвенциите кои државата треба да им ги исплати за 2015 година, во износ од 3 милиони евра.
-Ова е посебно значајно кај полјоделците, најголемиот регион ќе ги опфати исплатата, пелагонискиот регион и земјоделците кои што најповеќе учествуваат во делот на производството на полоделски култури и житни култури од пелагонискиот регион исто така за градинарството посебно во делот на струмичкиот регион, скопскиот регион и останатите производители на градинарски култури. Исто така оризопроизводителите посебно значајно за оние од кочанскиот регион и од источниот регион и посебно значајно е дека продолжуваме со целосна исплата на субвенциите предвидени во програмата за 2016 година согласно законскиот рок кој не обврзува до 30 јуни 2017 година во целост да ги исплатиме сите производители на овие култури, па и оние кои што произведуваат со сертифициран семенски материјал, понатаму поддршка во вид на субвенции на оние кои произведуваат месо, оние што се занимаваат со сточарство, било да е тоа говедарство, козарство, свињарство како и пчеларство, а сето ова севкупно изнесува 60 милиони евра- потенцираше Костадиновски.
Тој потенцираше дека првата категорија за производители на житни куптури како и ориз, полјоделството и лозарството кои го опфаќа тиквешкиот регион можат реално да ги очекуваат средствата предвидени во програмата 2016 година и да ги добијат на својата сметка некаде во втората половина на април, а континуирано ќе се продолжи и со исплата на другите субвенции до крајниот рок 30 јуни 2017 година, а севкупната вредност на овие субвенции ќе опфати некаде околу 60 милиони евра и средствата се обезбедени од буџетот на Република Македонија и ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Директорот на Платежната агенција Игор Златков, вели дека пари има и тие се префрлаат етапно. Најпрво, комплетната, претходно проверена документација директно на терен, се доставува до Агенцијата на потпис, врз основа на тоа се потпишуваат налозите и потоа парите се пуштаат во трезорот, а оттаму кај корисниците на поддршката.
Според Златков, логично е дека најпрво ќе се реализираат субвенциите од 2015 година чија исплата не е заборавена, туку е забавена поради контролите. Станува збор за многу мал процент за градинарство, поледелство, лозарство, овоштарство, овчарство, сертифицирано семе и саден материјал, говедарство, козарство, свињарство, пчеларство и живинарство.
– Субвенциите од 2015 година кои сега ќе се реализираат, не се заборавени исплати, туку се исплати кои биле предмет на контрола. Платежната агенција исплаќа поддршка само врз основа на направена контрола. Тоа значи дека ако некој предал жито, млеко,…, ние треба да појдеме на терен, да провериме кај се тие документи, каде производителот предал, во кое откупно претпријатие, па дури тогаш правиме налог за исплата. Оттука, сите останати субвенции од 2015 година биле предмет на контрола, а процесот се одолговлекол зашто лицата кај кои е вршена проверка или не биле дома или ја немале комплетната документација- објасни директорот.
Тој вели дека се се точни тврдењата дека нема пари во државата. Околу 92 до 93 милиони денари се легнати на сметка на Платежната агенција, административната бариера од аспект на неговата документација е надмината и само во вторник се потпишле налози за исплата на 224.571.508 денари кои од кај нив одат во трезор, а оттаму на сметка на земјоделските стопанства.
– Откако ќе ги достават списоците сите претпријатија кои откупуваат тутун, на производителите кои ја предадоа реколтата, треба да им исплатиме 1.500.000.000 денари. Наскоро се планира подготовка и на овие предлог-решенија од програмата за 2017 година- дополни директорот.
За директните субвенции во 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра, но поради различното толкување на Изборниот законик по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање. По стапувањето на Златков на функцијата директор на Платежната агенција, исплатата продолжува непречено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди


