| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинска уживанција за љубителите на фудбалот, седум дерби-средби во два дена

salke i borusija

По репрезентативната пауза од две недели, фудбалските фанови се подготвени да се вратат на оној повозбудливиот, клупски фудбал.

Оваа сабота и недела ќе се одиграат дури седум дерби средби, а викенд лудилото ќе започне со дербито помеѓу Ливерпул и Евертон в сабота со почеток од 13.30 часот. Два часа подоцна се игра дербито на Рур, во кое Борусија Дортмунд ќе се соочи со Шалке 04.

Вечерниот термин е резервиран за финалето на францускиот Лига Куп и борбата за титулата во која ПСЖ ќе игра против Монако на Леонардо Жардим. Во 21.30 часот е закажано португалското „О Класико“ во кое Бенфика ќе го пречека Порто пред кого брани еден бод предност на табелата.

В недела со почеток од 14.30 часот се игра холандското дерби во кое Феенорд му гостува на Ајакс и со победа практично ќе може да започне да ја слави титулата. Од 18.00 часот Арсенал и Манчестер Сити ќе водат борба за место во Лигата на шампионите, а тоа е натпревар во кој една од екипите може да се збогува од борбата за титулата.

За крај на богатиот фудбалски викенд, Наполи ќе го пречека Јувентус, а домашните навивачи со големо нетрпение го очекуваат враќањето на „предавникот“ Гонзало Игуаин. Безбедноста на стадионот во Неапол ќе биде како никогаш досега, а цел фудбалски свет посакува да види како ќе биде пречекан аргентинскиот напаѓач и поранешен миленик на публиката.

Ова е само почеток на месецот, кој ќе биде исполнет со голем број на дерби средби во европските првенства, но и во европските клупски натпреварувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top