| четврток, 6 декември 2018 |

„Фабриката“ на СДСМ со полна пареа: Лажни вести и пропаганда за спас од народот

Алар­мот на „Па­вел Ша­тев“ ма­кси­мал­но ги за­ан­га­жи­ра твор­ци­те на лаж­ни ве­сти. Во „Фа­бри­ка­та“ се ра­бо­ти во три сме­ни. Ако се сом­не­ва­те, са­мо пог­лед­не­те го ре­зул­та­тот на сра­бо­те­но­то, про­фе­си­о­нал­но, се раз­би­ра. Ед­на од де­фи­ни­ци­и­те на про­фе­си­о­на­лец е де­ка тоа е чо­век што го ва­ди нај­до­бро­то од се­бе, ду­ри и ко­га во­оп­што не му се ра­бо­ти. За со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те „про­фе­си­о­нал­ци“ де­фи­ни­ци­ја­та е мно­гу слич­на. Тоа се лу­ѓе што го ва­дат нај­ло­шо­то од се­бе ду­ри и ко­га не им се ра­бо­ти. Ре­ал­но, мно­гу-мно­гу ни­ко­гаш и не им се ра­бо­те­ло, ама за ла­же­ње и за из­вр­ту­ва­ње се се­ко­гаш рас­по­ло­же­ни. Два де­на – три ла­ги. Без исав, срам уште по­мал­ку, из­ла­жаа за Вајгл, сле­ду­ва­ше ла­га­та за ве­те­но­то од Хан до За­ев, за­вр­ши­ја со „уда­рот“ по Гру­ев­ски, кој „из­бе­га“ во Тур­ци­ја. Ако не мо­жеш по сво­јот, удри по ту­ѓи­от ли­дер, ова е мо­то­то на „про­фе­си­о­нал­ци­те“ вљу­бе­ни во СДСМ и во се­фот на Со­рос...

Сто­ти­ци ил­ја­ди гра­ѓа­ни на ули­ца. На­стра­на, се­кој ден, на­стра­на мно­гу убав на­род. А на „Па­вел Ша­тев“ на­пра­ви­ја утка. По­втор­но. Оче­ку­ваа или, по­до­бро ка­жа­но, се на­де­ваа де­ка се­то ова ќе за­вр­ши за ед­на не­де­ла, две ма­кси­мум. Ар­но ама, на­пра­ви­ја ло­ша ма­те­ма­ти­ка, не де­ка пра­во­то или еко­но­ми­ја­та им одат. Фе­но­ме­нот на кон­стант­но­то зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на раз­бу­де­ни­от на­род го вклу­чи цр­ве­ни­от аларм кај со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те.

На не­го, по пра­ви­ло, пр­ва ре­а­ги­ра Ка­ти­ца, ко­ја не ус­пеа во сво­ја­та ди­гре­си­ја. За неј­зи­на жал, а уште по­го­ле­ма на СДСМ, ни­кој нор­ма­лен во др­жа­ва­та ма­ке­дон­ска ве­ќе не ја вос­при­е­ма ка­ко спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка, ни­ту ја по­вр­зу­ва со прав­да. По тол­ку мно­гу ме­се­ци, „а – на“ за За­ев и за СДСМ и уште по­ве­ќе глу­по­сти и не­ар­гу­мен­ти­ра­ни пред­ме­ти на „Т“, Ка­ти­ца до­вол­но се изб­ла­ми­ра. За си­те па­ри, би рек­ле, а мно­гу па­ри за­вр­ши­ја кај неа и во пу­сто­то СЈО, кое тол­ку „бла­го­род­но“ ни еден со­ци­јал­де­мо­крат­ски ко­лум­нист, ад­во­кат, про­фе­сор или ка­ков и да е друг не­ра­ни­мај­ко со си­на крв не оста­ви на ули­ца. Бла­ми­ра­ње број еден.

На по­ви­кот, нај­ве­ро­јат­но по гре­шка, а уште по­ве­ро­јат­но по убе­ду­ва­ње, се ја­ви и ед­на ака­де­мич­ка. Освен ште­та за се­бе, таа Ка­ти­ца не на­пра­ви ни­што дру­го. Бла­ми­ра­ње број два.

И ме­ѓу­на­род­ни­те еми­са­ри не за­вр­ши­ја ни­што по­ар­но. Бе­ниг­ни­от при­ти­сок за при­фа­ќа­ње на ку­мот За­ев и на не­го­ви­те лу­ѓе ти­ран­ски, нас­про­ти без­о­браз­ни­от молк за ма­лиг­на­та пла­тфор­ма, си го сто­ри сво­е­то. Кон­тра­е­фе­ктот бе­ше очиг­ле­ден, а до­каз за ка­жа­но­то е број­ка­та од две­сте до две­сте и пе­де­сет ил­ја­ди гра­ѓа­ни на ули­ца за вре­ме на по­се­та­та на Хан. Бла­ми­ра­ње број три.

Тре­то­то бла­ми­ра­ње по ред, спо­ред „ко­му­ни­стич­ки­от“ учеб­ник, го акти­ви­ра пос­лед­но­то, очај­нич­ко и не­кон­вен­ци­о­нал­но­то ору­дие. Со­о­чен со не­сфат­ли­ви­от, це­лос­но не­раз­бир­лив од­ѕив на гра­ѓа­ни­те, кои са­мо­по­ви­ка­ни енер­гич­но се вло­жи­ја во од­бра­на на иден­ти­те­тот и на Ма­ке­до­ни­ја, СДСМ не мо­же, а да не го вклу­чи крај­ни­от од­бран­бен си­стем. Спо­ред пра­вил­ни­кот за ит­ни слу­чаи, до­кол­ку и тоа по­тфр­ли, сле­ден че­кор е са­мо­у­ни­шту­ва­ње на се­ди­ште­то, со си­те стран­ски де­пе­ши и на­рач­ки од „ча­до­рот.“ Та­ка, спе­ци­јал­ни­те еди­ни­ци на СДСМ из­ле­гоа на те­рен. САД ги има „Navy seals“, Ру­си­ја „СПЕЦНАЗ“, Изра­ел „ Mista’arvim “, Гер­ма­ни­ја „Kommando Spezialkräfte“. СДСМ, пак, ја има сво­ја­та „Фа­бри­ка“. Еден куп не­до­ква­ка­ни ни­ка­кве­ци, ме­дум­ски по­доб­ни под­буц­ну­ва­чи и мр­шо­јад­ци, кои уште од вре­ме­то со си­лен елан, на­хра­нет со уште по­сил­ни­те фи­нан­сии од Со­рос и од ам­ба­са­дор­ска­та ком­па­ни­ја, бес­по­го­вор­но одра­бо­ту­ва­ат ли одра­бо­ту­ва­ат. Кол­ку цел­та е по­на­ци­о­нал­но осве­сте­на и по­ма­ке­дон­ска, тол­ку е по­те­шка и нив­на­та ар­ти­ле­ри­ја. Во овој слу­чај, ја из­ва­ди­ја нај­те­шка­та, за­тоа што до­се­га не сме ни има­ле по­све­то од за­ло­же­но­то кај За­ев и кај ти­ра­ни­сти­те.

Не­сом­не­но, очај­нич­ки­от крик за спас на За­ев и на вр­ху­шка­та до­пре до нив­ни­те „про­фе­си­о­нал­ни“ ува, кои од по­и­мот про­фе­си­о­нал­но има­ат са­мо ПРО, ама СДСМ, а и тоа пот­тик­на­то од средс­тва­та на Со­рос и на дру­ги­те стран­ски „до­на­то­ри“, кои се­ко­гаш ѝ мис­лат „нај­до­бро“ на Ма­ке­до­ни­ја, не­ли.

analiza239-2

Фабриката забревта во три смени

Алар­мот на „Па­вел Ша­тев“ ма­кси­мал­но ги за­ан­га­жи­ра твор­ци­те на лаж­ни ве­сти. Ни­ту из­вр­ту­ва­чи­те не кур­ту­ли­ја. Во „Фа­бри­ка­та“ се ра­бо­ти во три сме­ни. Ако се сом­не­ва­те за ин­тен­зи­те­тот на па­ни­ка­та, са­мо пог­лед­не­те го ре­зул­та­тот на сра­бо­те­но­то, про­фе­си­о­нал­но, се раз­би­ра.

До­ко­лу, во ми­на­то­то, за ед­на ла­га што ја про­тур­ку­ваа по си­те мож­ни ка­на­ли им тре­ба­ше по еден-два ме­се­ца, се­га „Фа­бри­ка­та“ е со вклу­че­но „тур­бо“. Се­кој ден се до­би­ва нај­мал­ку по ед­на те­шка ла­га. Ин­те­рес­но, овој пат и при­ста­пот е раз­ли­чен. Се­га, гла­вен екс­по­нент на ла­га­та им ста­на нај­по­доб­ни­от и нај­го­лем лаж­го. Па чу­му да се мал­тре­ти­ра­ат и да екс­пе­ри­мен­ти­ра­ат со „но­ви мом­ци“ ко­га го има­ат За­ев? Чо­ве­кот што го за­се­ни Мин­ха­у­зен, се­га го до­стиг­ну­ва и сво­е­то креш­чен­до. Што е пра­во, и пар­ти­ја­та го сле­ди сво­јот спа­си­тел, со нес­ма­ле­но тем­по, што и не е тол­ку лес­но…

Нов ден, но­ва ла­га. Ова е но­во­то мо­то на не­до­вет­ни­те ју­риш­ни­ци на СДСМ, кои во ши­ре­ње­то ла­ги и глу­по­сти ви­доа и по­ба­раа спас од на­ро­дот, на­вре­ду­вај­ќи му ја ин­те­ли­ген­ци­ја­та. Впро­чем, поз­на­та ма­три­ца. Сѐ уште не­свес­ни де­ка не жи­ве­ат во оми­ле­ни­те де­ве­де­сет­ти, стра­те­зи­те се за­ле­таа со це­ла ду­зи­на ла­ги за са­мо не­кол­ку де­на.

analiza239-4

analiza239-3

Пр­ва­та ла­га, ко­ја ги отво­ри ча­кри­те на со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те идо­ло­пок­ло­ни­ци, бе­ше ко­мен­та­рот на евро­пра­те­ни­кот Иво Вајгл. Ли­фе­ру­ва­ни­от ко­мен­тар, кој вклу­чи за­твор и ли­дер на пар­ти­ја, ги ста­пи­са си­те. Да, ток­му „Ре­пуб­ли­ка“ го има­ше пр­во­то ин­терв­ју со не­го по наз­на­чу­ва­ње­то за из­ве­сту­вач од ЕП за Ма­ке­до­ни­ја. И во тоа пи­са­ние, и оп­што до­се­га, си­те го сме­таа Сло­ве­не­цот за уме­рен и ко­ре­ктен. Ток­му и за­тоа, ка­жа­но­то „Гру­ев­ски ре­че – ќе одам до крај, не ми се оди в за­твор“ пре­не­се­но од си­те „про­фе­си­о­нал­ни“ ме­ди­у­ми удри по се­ти­ла­та на поз­на­ва­чи­те. „Про­фе­си­о­нал­ци­те“ ли­ку­ваа, а СДСМ во бес­соз­на­ние од сре­ќа пу­шти и со­оп­ште­ние и гро­теск­но она­ни­ра­ше на „ка­жа­но­то“: „Слуш­на јав­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја од пра­те­ник од Европ­ски­от пар­ла­мент, кој бе­ше дој­ден во Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но со евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан, де­ка Ни­ко­ла Гру­ев­ски бил ре­шен да оди ’до крај‘ за­тоа што не са­кал ’да оди в за­твор‘. Ова е по­твр­да од са­ми­от Гру­ев­ски на сè што пре­ду­пре­ду­ва­ме, де­ка тој иск­лу­чи­тел­но за лич­ни ин­те­ре­си ја прод­ла­бо­чу­ва по­ли­тич­ка­та кри­за. Не­доз­во­ли­во е гра­ѓа­ни­те и Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја да би­дат за­лож­ни­ци на стра­во­ви­те на Гру­ев­ски“, пре­не­соа од СДСМ, а во про­дол­же­ние не за­бо­ра­ви­ја да спо­ме­нат и де­ка низ ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот ќе бил из­бран но­ви­от пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то и тој ќе го из­ве­стел пре­тсе­да­те­лот Ива­нов де­ка е дол­жен вед­наш да му го да­де ман­да­тот за со­ста­ву­ва­ње вла­да на ко­го друг, ако не на ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев.

Бре, бре, пад­наа те­шки емо­ции. Ар­но ама, па­ро­ди­ја­та ја пре­ки­на „сту­ден туш“, лич­но од Вајгл. Ни­ко­гаш не ка­жал та­кво не­што, из­ја­ви тој. Сил­на гре­во­та за ра­до­ста со­ци­јал­де­мо­крат­ска и на нив­ни­те ме­ди­ум­ски под­ли­зур­ков­ци, кои мис­леа де­ка со евти­на ла­га на­пра­ви­ле пре­сврт со кој бо­жем на­ро­дот ќе го од­вра­тат од ули­ца. Да, играа на кар­та­та од пред два­е­сет го­ди­ни. На­ви­ка, ло­ша. То­гаш ни­кој не ќе го пра­ша­ше Вајгл да­ли тоа што го „ка­жал“ е ви­сти­на. Не­ма­ше кој за­тоа што си­те беа „нив­ни“. Се­га, нор­мал­но, се слу­чи исто­то и тие до­би­ја шла­ка­ни­ца. Та­кси­рат, ама пак не­сраз­ме­рен. За­мис­ле­те са­мо да се ра­бо­те­ше за „Си­тел“, „Ал­фа“, ТВ „Но­ва“, „Ре­пуб­ли­ка“… Две го­ди­ни ќе пра­веа скан­да­ли, ќе ре­а­ги­раа си­те ме­ѓу­на­род­ни, истоп­лат­ни и со­ро­со­ид­ни ор­га­ни­за­ции од све­тот, па ам­ба­са­до­ри, па чу­да и вра­го­ви. Ва­ка, ни­што страш­но, тие пре­мол­чеа и ни­ко­му ни­што. За­тоа што си­те зна­ат де­ка по­сто­ја­но ла­жат, ама за „по­ви­со­ка“ цел, вра­ќа­ње на власт, тоа би­ло оправ­да­но…

analiza239-5

Дежави: Кога лагата го краси Заев

Не по­ми­наа ни два де­на од на­пи­ша­но­то во ме­ди­у­ми­те и од па­те­тич­на­та ре­ак­ци­ја на СДСМ, а се обе­ло­де­ни но­ва ла­га. На слич­на те­ма. По­втор­но по­се­та­та на Хан бе­ше во фо­ку­сот. А и из­ла­жа­но­то по неа. Ов­де приз­на­ни­ја­та ги освои ток­му бе­страш­ни­от ли­дер, кој „без ни­ка­ква при­чи­на“ се по­фа­ли де­ка ако се офор­ме­ла вла­да (чи­тај Ти­ран­ска), и Ма­ке­до­ни­ја поч­не­ла со ре­фор­ми, Хан му ве­тил де­ка то­гаш и ЕУ ќе се све­сте­ла за не­прав­да­та што ни ја пра­ви и ќе ги отво­ре­ла нај­важ­ни­те пог­лав­ја во пре­го­во­ри­те, 23 и 24, т.е. ќе поч­не­ме пре­го­во­ри. Си­те нор­мал­ни и на тој, ма­кар ла­жен, Ха­нов му­а­бет по­мис­ли­ја – аман, уште ли ќе нѐ ма­вта­ат, ка­ко Тур­ци­ја, ко­ја по 30 го­ди­ни кан­ди­дат­ски ста­тус до­би за­ка­на од Бри­сел де­ка ѝ е за­гро­зе­на ин­те­гра­ци­ја­та во ЕУ?!

Ма­кар што са­ми­от му­а­бет бе­ше бес­це­лен, осо­бе­но во вре­ме ко­га по­ве­ќе од 200 ил­ја­ди лу­ѓе на ули­ца из­ле­гоа по­ра­ди исти­от тој Хан, кој од­би сред­ба со на­ро­дот и по­ка­жа тро­ен ар­шин, но и таа бе­до­ти­ја од фал­ба да ти би­ла ла­га. Не­ви­сти­на­та што лич­но За­ев си ја со­ста­ви, му ја де­ман­ти­ра­ше порт­па­рол­ка­та Ма­ја Ко­ци­јан­чич. Таа со­се­ма ло­гич­но, об­јас­ни де­ка Хан ни­ка­ко не мо­жел да го ве­ти тоа би­деј­ќи е над­вор од не­го­ви­те скром­ни ин­ге­рен­ции. За тоа, За­ев, да ти ре­ша­вал Со­ве­тот, нај­ви­со­ко­то те­ло на ЕУ. Не Ко­ми­си­ја­та. Гре­во­та.

 

Дефиниција за „професионалност”: Ако не можеш по сопствениот, удри по туѓиот лидер

Раз­бир­ли­во, „про­фе­си­о­нал­ци­те“ си го од­мол­чеа и ова. На ни­ту еден со­ро­со­и­ден сајт на ин­тер­нет, уште по­мал­ку на те­ле­ви­зи­ја, не се по­ја­ви ин­фор­ма­ци­ја за За­е­ва­та ла­га. Со­се­ма оправ­да­но и про­фе­си­о­нал­но, не­ли. Уште по­бе­зо­браз­но, во од­бра­на на сво­јот пу­лен и по­са­ку­ван пре­ми­ер, исти­те тие што два де­на по ред се бла­ми­раа, ла­жеа и мол­чеа за глу­по­сти­те на сво­и­те по­бра­ти­ми со си­на крв, во про­дол­же­ние на при­ка­ска­та и кра­ен очај, за­си­лен со па­ни­ка, по­втор­но ла­жеа. За­тоа што тоа го зна­ат нај­до­бро. Из­вр­ту­ва­чи­те, во по­тра­га по ди­гре­си­ја (га­рант Ка­ти­ца би­ла не­до­стап­на во смо­квар­ни­кот кај Мр­зен­ци) си нај­доа од­ди­шка во уште ед­но без­о­бра­зие. По ко­го друг би удри­ле, ако не по тој за кој са­мо пред два де­на ве­ста им се по­ка­жа ка­ко „ќор-фи­шек“?! Па, се раз­би­ра, по ко­го друг ако не по Гру­ев­ски. И та­ка, из­мис­ли­ја де­ка, за­мис­ле­те, ден­та ко­га тре­ба­ло да се из­би­ра пре­тсе­да­тел на Со­бра­ние, тој из­бе­гал во Тур­ци­ја! Сра­мо­та, оце­ни­ја, а, спо­ред нив, из­бе­гал од зем­ја­та по­ра­ди кри­ми­нал. Слич­но ка­ко и кај Вајгл, не­до­вет­ни­те стра­те­зи од СДСМ и ов­де се на­до­вр­заа и за са­мо по­ло­ви­на час по ли­фе­ру­ва­ње­то на ла­га­та, пар­ти­ја­та оце­ни: „Со де­неш­но­то бег­ство од Ма­ке­до­ни­ја, Гру­ев­ски уште ед­наш до­ка­жа де­ка не го ин­те­ре­си­ра др­жа­ва­та, ту­ку единс­тве­но му е важ­но да из­бе­га од од­го­вор­ност“. Од СДСМ не „за­бо­ра­ви­ја“ да ка­жат и де­ка со или без Гру­ев­ски во др­жа­ва­та, Ма­ке­до­ни­ја ќе до­би­е­ла нов пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то, ман­дат за со­ста­ву­ва­ње вла­да и но­ва „ре­форм­ска“ вла­да на гра­ѓа­ни­те пред­во­де­на од кој друг, ако не од СДСМ, не­ли.

А Гру­ев­ски да ти одел на Мал­та на ре­до­вен со­ста­нок на Европ­ска­та на­род­на пар­ти­ја, нај­го­ле­ма­та во Евро­па, дес­ни­чар­ска­та оп­ци­ја што ја ра­ко­во­ди ЕУ и чиј­што член­ка е ток­му ВМРО-ДПМНЕ. За­мис­ле­те, гре­вот е де­ка ле­тал пре­ку Тур­ци­ја. Сра­мо­та, ка­ко не нај­де ди­ре­ктен лет за Мал­та. Од ова про­из­ле­зе и мо­то­то на „про­фе­си­о­нал­ци­те“: Ако не мо­жеш по сопс­тве­ни­от, то­гаш удри по ту­ѓи­от ли­дер…

 

Крушата под круша, СДСМ под Заев паѓа…

По­го­ре ка­жа­но­то, мо­же­би, би би­ло из­не­на­ду­вач­ко, ду­ри и фра­пант­но, до­кол­ку не се ра­бо­те­ше за За­ев, СДСМ и нив­ни­те ме­ди­у­ми. Ва­ка, си­те се ве­ќе на­вик­на­ти на фа­ктот де­ка од нив и не мо­же да се оче­ку­ва не­што дру­го. Нај­мал­ку ви­сти­на­та.

Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, збо­ру­ва­ме за За­ев, кој не го ни поз­на­ва­ше Ве­ру­шев­ски, а се по­ка­жа и де­ка му ку­пил комп­ју­тер, са­кал и авто­мо­бил, за да из­бе­га, не­ли. Исти­от кој со „бом­би“ нај­а­ви па­ѓа­ње на Вла­да­та за три де­на, а по ре­чи­си три го­ди­ни, ко­га по­ле­ка му ус­пе­ва сце­на­ри­о­то од „ча­до­рот“, на­и­де на не­пре­мост­лив проб­лем на­ре­чен НАРОД. Чо­ве­кот што из­ла­жа де­ка во „бом­би­те“ ги не­ма Ни­ко­ла Гру­ев­ски и Са­шо Ми­јал­ков. За­тоа што би­ле на­ра­ча­те­ли, не­ли, а по­тоа се из­нас­лу­шав­ме мон­та­жи со нив. Исти­от тој За­ев нај­а­ви де­ка ќе ги „пу­ка“ еден и пол ме­сец – тра­е­ја по­ве­ќе од шест ме­се­ци. Ва­ри­ра­ше и бро­јот на прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. И тоа, спо­ред по­тре­ба. Отка­ко ги фа­ти­ја жи­ви со Ча­у­шо­ви­от ме­га-скан­дал „Фа­бри­ка за афе­ри“, во ко­ја нив­ни член под­го­тву­вал гна­со­ти­ла­ци за про­тив­ни­ци­те, при­тоа фо­то­гра­фи­рај­ќи се со За­ев и со Спа­сов­ски, се оби­доа со де­фо­ку­си­ра­ње на ви­стин­ска­та афе­ра, па твр­деа де­ка МВР из­да­ло де­се­ти­ци ил­ја­ди лич­ни кар­ти за из­бо­ри?! Но тоа не е сѐ. Нај­го­ле­ми­те би­се­ри пад­наа „на стра­на“. При­тис­нат од пре­го­ле­ма­та уло­га и све­сен за сво­ја­та ма­лен­кост, ли­де­рот „на два­па­ти“ се отво­ри во странс­тво. Очиг­лед­но, Фрој­до­ви­от комп­лекс на из­ле­гу­ва­ње на ви­сти­на­та на ви­де­ли­на по си­лен при­ти­сок, кај ли­де­рот ус­пе­ва најм­но­гу во ту­ѓи­на. Пу­ста да оста­не. И Изра­ел и Сло­ве­ни­ја. Из­ла­жа во Тел Авив, а го де­ман­ти­ра­ше лич­но ми­ни­сте­рот Ша­лом. По­тоа и не­го­ви­от ка­би­нет. Но не ја на­у­чи лек­ци­ја­та. Са­мо еден ме­сец по­тоа – из­ла­жа и во Љуб­ља­на, т.е. та­му ја ка­жа ви­сти­на­та за тоа што со ме­се­ци ла­же­ше во Ма­ке­до­ни­ја. Си приз­на де­ка „Ди­во На­се­ље“ е те­ро­ри­стич­ки на­пад и го спо­ре­ди со Па­риз. Да, на 11 де­кем­ври ве­чер­та, из­ла­жа де­ка по­бе­дил на из­бо­ри…

Пар­ти­ја­та го сле­ди со нес­ма­лен ин­тен­зи­тет. Та­ка, „Фа­бри­ка­та“ из­не­се еден куп не­бу­ло­зи, кои се до­ка­жаа ка­ко чи­сти ла­ги. Те 500.000 фан­то­ми, т.е. 620.000 исе­ле­ни Ма­ке­дон­ци, т.е. ми­ли­јар­ди во дол­го­ви и што ли не. Ед­но­став­но, ми­лу­ва­ат го­ле­ми број­ки, кои тре­ба да ве убе­дат во ла­га­та. Да, не за­бо­ра­вај­те го ин­терв­ју­то на „чи­та­чот“ Ка­ти­ца Ја­не­ва за МРТВ. Ед­на од де­фи­ни­ци­и­те на про­фе­си­о­на­лец е де­ка тоа е чо­век што го ва­ди нај­до­бро­то од се­бе ду­ри и ко­га во­оп­што не му се ра­бо­ти. За со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те „про­фе­си­о­нал­ци“ де­фи­ни­ци­ја­та е мно­гу слич­на. Тоа се лу­ѓе што го ва­дат нај­ло­шо­то од се­бе ду­ри и ко­га не им се ра­бо­ти. А, ре­ал­но, си­те ги зна­е­ме ка­ко нај­го­ле­ми не­ра­бот­ни­ци, за­ки­те­ни со тол­ку мно­гу ло­шо­ти­лак со­бран на ед­но ме­сто. Е, тоа ти е про­фе­си­о­на­лец…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 239. број на неделникот „Република“, 31.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top