| четврток, 6 декември 2018 |

РФМ го раскина договорот со Лино Червар

zivko mukaetov

Управниот одбор на РФМ на денешната седница едногласно ги верификува одлуките поради итност донесени без присуство на членовите. Официјално е раскинат договорот со сега веќе поранешниот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар и формирањето на Комисија која спроведува разговори со потенцијалните кандидати за нов селектор. Наскоро ќе биде познато и кој ќе биде новиот селектор на македонската сениорска репрезентација.

– Во март ние и формално добивме писмо од г-динот Лино Червар дека не е во можност повеќе да ја извршува функцијата селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Мислам дека исправно е овој договор да се раскине, се друго што би презела РФМ како мерки по ова прашање би било непопуларно – истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Во таа насока за што побрзо и поефикасно решавање на настанатата ситуација, формирана е Комисија задолжена да спроведе разговори со потенцијалните кандидати за селектор на машката сениорска репрезентација.

Прифатена е одлуката за реизбор на Филип Милошевски на функцијата генерален секретар на РФМ.

Под оваа точка, УО на РФМ едногласно ги прифати и одлуките за ослободување од плаќање судиски и делегатски такси на ракометните клубови во младинската лига во машка и во женска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top