Не е тајна дека аргентинскиот тренер на клупата на Севилја, Хорхе Сампаоли е голем фан на Барселона, поточно на играта на Лионел Меси. Тој во неколку наврати изјави дека сака во својата кариера да биде дел од каталонската екипа и да го тренира својот сонародник.
– Би сакал да го тренирам Меси и тоа секој ден, да го гледам како игра фудбал и да уживам. Неговата среќа на теренот значи 95% завршена работа. Нему му треба тренер покрај кого секогаш ќе биде среќен, а таков тим, заедно со Лео, тешко дека некој ќе го победи. Тоа некогаш го претставуваше Марадона. Тешко дека некој тим ќе може да парира со успесите и играта на екипата на Барселона од 2009 година. Тимот на Гвардиола едноставно беше различен. Го имаа Меси, Иниеста, Чави и Бускетс во своите најдобри години од кариерата – вели 57-годишниот Сампаоли.
Аргентинецот е еден од главните кандидати да го замени Луис Енрике на крајот од сезоната, откако тренерот од Андалузија претходно потврди дека наредната година нема да ја предводи Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)