| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Александар Вучиќ е најсериозниот кандидат за претседател на Србија

al

Сегашниот српски премиер Александар Вучиќ е водечки кандидат на претседателските избори во Србија, со тоа што ужива поддршка на 54,3 отсто од избирачите, велат анкетите.

Изборите за претседател на Србија ќе се одржат в недела, 2 април, а две седмици подоцна, на 16 април ќе има и втор круг, доколку во првиот ниеден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

Како што пренесува ТАСС, според резултатите на агенцијата Ипсос објавени неколку часови пред предизборниот молк, на второ место е Саша Јанковиќ – кандидат на граѓанската иницијатива „Србија без страв“, со 12,8 отсто доверба. На трето место, со 9,5 проценти, е Лука Максимовиќ, попознат под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ – Бели. На четврто место е Вук Јеремиќ со 6,8 отсто поддршка.

Во Србија се регистрирани околу 6.800.000 граѓани со право на глас. Според испитувањата на јавното мислење, 58,3 проценти од нив имаат намера да гласаат.

Освен граѓаните на земјата, ќе гласа и српската дијаспора од 32 држави во цел свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top