Триесет и третиот ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе почне во истото време на истото место – 17 часот пред Владата на РМ.
Еден од организаторите на граѓанската инизијатива, Борис Дамовски, објави на „Фејсбук“ инфирмација дека за денеска на протестите се очекуваат „провокации, закачки и слични шарени финти“.
Тој повика граѓаните да не подлегнат на провокациите и да возвратат со истата позитивна енергија со која 33 дена маршираат за татковината.
„Исмејте ги, пратетете им љубов и разбирање – тоа повеќе ги боли“, напиша Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.