| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Малта два дена разговараше со лидерите на ЕУ и со премиерите на водечките земји од ЕУ

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а во чијшто состав беа и членовите на извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Влатко Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски, присуствуваа на Конгресот на Европската народна партија во Малта. За време на конгресот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари билатерални средби и разговори со лидерите на Европската унија и премиерите на водечките земји од ЕУ.

За два дена, тој се сретна со претседателот на Сoвет на Европа Доналд Туск, како и претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани. Оствари средба и со претседателот на ЕПП Жозеф Дол, со германската канцеларка Ангела Меркел, со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, со домаќинот на ЕПП во Малта и претседател на националната партија на Малта Симон Бустил, со Јанез Јанша од Словенија, со германскиот федерален министер Кристијан Шмит, со  претседателот на Форца Италија Силвио Берлускони, како и со повеќе европратеници и политички лидери.

sredbiii640-1

Плодните и корисни средби што ги оствари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои пренесоа медиумите, се директен демант на критиките на опозицијата за наводната изолираност.

Во недостиг од квалитетни идеи и суштинска желба за дебата, СДСМ се обиде да го сврти вниманието на јавноста од прифаќањето на скандалозната тиранска платформа со која се редефинира државата, па манипулираше со патувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Бранко Героски и „Плусинфо“ целосна се избламираа и крахираа. Практично, со денови ја развиваат тезата дека Груевски е изолиран, а тоа пропадна како меур од сапуница кога Груески за два дена се сретна со врвот на ЕУ и со повеќе премиери на држави.

На крајот, вистинско бламирање беше кога објавија фотографија со манипулација дека се работи за семејна фотографија на самитот на ЕПП, на која го нема Груевски.

pljus-1

Вистината е дека не се работи за таков вид фотографија, а освен Груевски на фотографијата на „Плусинфо“ го нема ниту премиерот на Унгарија Виктор Орбан, генералниот секретар на ЕПП Истурих, премиерот на Шпанија Маријано Рахој, автрискиот министер на МНР Себастијан Курц и многу други.

gruevski-2

Вистинската фамилијарна фотографија се направи веднаш по завршувањето на конгресот, а на неа е присутен Никола Груевски, веднаш до претседателот на Европската комисија, Жан Клод- Јункер.  На неа се присутни и Жозеф Дол, Доналд Туск, Ангела Меркел и сите други европски лидери од Европската народна партија.

-Заедно со партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ сум присутен во Малта, пред сè, поради конгресот на Европската народна партија каде што сме асоцијативни членки, но и поради билатерални средби со многумина политичари пред почетокот на работа на конгресот, но и за време на конгресот, и веројатно ќе има средби до крајот и завршувањето на конгресот. Се обидуваме секаде каде што можеме да лобираме за Република Македонија, за државните и национални интереси. Многу е значајно кога ќе им се каже од прва рака на присутните тоа што е важно за Република Македонија и за нејзината иднина, напредок, евроатланските интеграции и интереси. Истовремено информираме за сето тоа што се случи во Република Македонија на политички план и за сето тоа со што народот, граѓаните на Република Македонија се соочуваат во овој период. Има луѓе што не се запознаени со случувањата и потребно е некој да ги информира и објасни. Нашето присуство е важно за лобирање за стратегиските интереси на државата, но и за актуелната политичка ситуација – изјави Груевски од Малта.

sredbiii-2

-Покрај следењето на конгресот и интересните дебати кои што беа овде во Малта беше интересно што имавме можност да се видиме со повеќе политичари од Европа, со луѓе со кои е добро да се зборува за Македонија, за стратегиски интереси на државата, за нашите интеграции, како и за домашните политички случувања до кои сме доведени поради сето тоа што го направи СДСМ во изминатиот период. Ова беше добра можност да се образложат состојбите, да се дадат точни информации и да се побара поддршка за Македонија за излез од кризата. Ова беше разговарано на повеќето средби, вклучувајќи ја и таа со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, за емигрантската криза и, секако, за сите други значајни работи за Република Македонија – нагласи Груевски.


Во обраќањата пред конгресот на ЕПП на кој присуствуваат шефови на влади и на држави, меѓу кои челниците на Европската унија, германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Маријано Рахој и други европски политичари, премиерот на Унгарија Виктор Орбан испрати порака дека е потребна стабилност на Балканот и во Македонија, а таа не е можна без Груевски, и порача дека излезот се брзи избори што преставува стратегиски интерес на Унијата.

-Ако милиони мигранти почнат да маршираат на Балканот повторно невозможно е да се одржи стабилност. Македонија не може да биде стабилна без партијата на Груевски. Стабилноста на Балканот бара нови избори во Македонија колку што е можно побрзо. Ја поздравувам резолуцијата за натамошно проширување на Европската унија, и клучно е за стабилноста почнување преговори со Македонија – изјави Орбан.

Порака на поддршка во име на Европската народна партија испрати и словечекиот лидер Јанез Јанша.


-Како семејство на европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите сестрински партии во Европа и не помагајќи им на левицичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на Сорос, ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што се случува сега во Македонија – изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската народна партија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top