| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се изненадите: Кое е момчето на Јана Бурческа?

И оваа сабота ве очекува одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на еден“.  Гостинка во студиото е нашата овогодинешна претставничка на „Евровизија“, Јана Бурческа, а Жаре ги угости и Марко и Нина, кои се дел од новата кампања на УНИЦЕФ.

Јана зборуваше за тоа кои биле најлошите песни кадидатки за „Евросонг“, која колешка прва ѝ се јавила да ѝ честита за изборот, имитираше познати евровизиски настапи, а Жаре, пак, откри кое е нејзиното момче…

Нина – ѕвездата од социјалните мрежи и главна улога на новата кампања на УНИЦЕФ, заедно со Марко, раскажа сѐ за оваа идеја која има супер цел.

Дефинитивно, нѐ чека уште една забавна епизода. Ја гледаме на „Телма“, оваа сабота во 19:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top