Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва реализираше протестен марш во Кавадарци, а пред присутните говореше Алимпие Лазоровски, пензионер. Тој ги повтори барањата кои ги имаат, за неприфаќање на платформата од Тирана и редефинирањето на државата.
– Името не го менуваме и не прифаќаме никакви преговори во врска со тоа – рече тој меѓу другото.
Притоа нагласи дека Македонија била, е и секогаш ќе биде. Лазоровски прочита и сопствени патриотски стихови.
На градскиот плоштад во Кавадарци се пуштаат македонски револуционерни патриотски песни, а химната ја отпеа поп пејачката Александра Михова.
Протестите, како што беше најавено, продолжуваат, се до исполнувањето на барањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)