Некој сака да нè наведе на војна, но во тоа нема да успее, изјави денеска Љубиша Георгиевски, поранешниот претседател на Собранието, пред огромниот број граѓани собрани пред Собранието.
Триесет и два дена веќе граѓаните се на улиците низ целата држава во одбана на унитарноста на својата татковина.
– Браќа и сестри, земјаци, дојдов овде со сиот багаж од 80 добри години, дојдов овде за да ве видам од близу и во живо, затоа што вие растете како цвеќе од асфалтот што го газите секој ден, еве веќе еден месец. Од истиот оној асфалт, кои некои варвари, хулигани го гадеа, тоа им беше малку и сакаат уште да го испогадат. Дојдов со една порака што прилега на моето грамадно искуство, ние сме сега на крстосница, три години некој сака да ни подметне војна, три години игра на картата дека ние сме патриоти и ќе загриземе на војна. Нема, затоа што ние многу добро знаеме која е разликата меѓу мирот и војната, мирот е кога децата ги погребуваат своите татковци и дедовци, а војната е кога татковците ги погребуваат децата. Затоа нема да нè наведат на војна, сепак мора да сме тука, како што кажа мојот другар Борис, нашето присуство е војна. Знам дека животните се тераат со стап или со грбач, но луѓето се тераат со присуство – изјави Георгиевски
Тој побара од граѓаните да се направи петиција со која ќе се побара од ЕУ да се огради од тиранската платформа.
-Ве молам да имате трпение и затоа сакам сега да ви ставам нешто на душа, сакам нешто конкретно на душа, дали сте за тоа да се состави една петиција до ЕУ, во која ќе ги кажеме нашите барање, затоа што овде не нè слушаат, една петиција од 150 до 200 илјади луѓе ќе направи разлика. Овие што си ја сликаат платформата се влезени во историјата на бесчестието, но ние ако направиме петиција во која ќе побараме од ЕУ да се огради од тиранската платформа , сакале тие или не сакале мора да нè евидентираат, така ние ако не влеземе во ЕУ, ќе влеземе во европската историја – смета Георгиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“