| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Овие протести се лекција по демократија што Европа не ја видела

климо

Ова е импозантен собир, собир на демократијата на Република Македонија и истовремено ми даде можност со вас да го споделам чемерот што го носам по два основи, истакна пред присутните на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поранешниот претседател на Собранието, Саво Климовски.

-Прво како професор и шеф на Катедрата по Уставно право, половина од пратениците седат таму и не знам во кого е грешката во мене или во нив. Верувам дека погрешно ги научиле лекциите. Кога ова го велам, пред се мислам на навистина предавничкиот чин на дивото месо и на една крајно первертирана теза која нас ни се пласира како да сме крајно недоветни. Ние сме општество на мултинационален заеднички живот не само на Македонците и Албанците, кои пак сакаат да се наметнат како конститутивен народ, туку и на Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и на сите други. Сега удрија по Уставот, удрија со такво кукавичко јајце кое што е класично измама и мора да расчистиме со тие велепредавници кои сето ова ни го подметнаа и кои сакаат да земат и држава и име и јазикот и знамето и сите обележја. Мислам дека тоа нема да помине и затоа јас сум охрабрен и дојдов тука да го видам овој бескраен ред на луѓе кои толку цивилизирано излегуваат и протестираат. Тоа е таква лекција по демократија што Европа не ја видела, потенцираше Климовски.

Професорот и поранешен претседател на законодавниот дом изрази мислење дека ќе успеат да победат во нивната борба.

-Од овој парламент нема поголем, затоа јас денес ќе ја отворам 32 седница на сенародниот парламент на Република Македонија. На дневен ред имаме само една точkа, а тоа е отфрлање на однапред предавничката од друга земја изготвена и подметната, Тиранска платформа – рече Климовски.

Тој истакна дека пратениците треба да им го вратат мандатот на граѓаните и побара нови избори на кои граѓаните ќе одлучат дали сакаат платформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top