| четврток, 6 декември 2018 |

Јанша: Да престане финансирањето нестабилност со пари на Сорос во Македонија (ВИДЕО)

Да престане примената на селективна правда во Македонија и финансирањето нестабилност со пари од Сорос, апелираше словенечкиот политички лидер Јанез Јанша во своето обраќање на конгресот на Европската народна партија во Малта.

Јанша, давајќи ја својата поддршка за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека Европската народна партија ќе остане на страната на сестринските партии, меѓу кои е и ВМРО-ДПМНЕ.

Јанез Јанша е еден од лидерите со кои средба оствари и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот на партијата Никола Груевски, која учествува на Конгресот… денеска тој имаше средби со првите луѓе на Европската унија. Со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој следната недела ќе ја посети Македонија, како и со Антонио Тајани, претседателот на Европскиот парламент.

Претходно, имаше работна средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, со домаќинот на Конгресот и претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на Европската народна партија, Кристијан Шмид , со пратеникот Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

Груевски синоќа оцени дека сите средби ги користат за промоција на националните и државните интереси и за информирање за актуелната политичка состојба во државава.

Конгресот на Европската народна партија продолжува денеска… Се очекува на него да биде усвоена резолуција наречена „Европа ја обезбедува иднината“ со која недвосмислено стои дека државите од Западниот Балкан во кој спаѓа и Македонија мора да бидат интегрирани во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top