Нови четири случаи со ХИВ/СИДА само во февруари откриени се во Македонија. Според податоците од месечниот извештај на ИЈЗ сите се мажи од Скопје на возраст од 30 до 39 години.
Од првиот слуачај од пред точно 30 години до денеска во земјава се евидентирани вкупно 320 лица со ХИВ/СИДА. Речиси половината се откриени во последните пет години.
Статистиката покажува дека со болни од СИДА се 181 лице, а ХИВ позитивни 139. Од нив 81 починале.
Според епидемиолозите зголемениот број на новооткриени случаи се должи на порастот на бројот на тестирања. Но, од друга страна инфектолозите предупредуваат дека на еден потврден има има уште 2-3 заразени лица кои не се свесни за тоа. Овој тренд не е присутен само во нашата држава туку состојбата е иста во повеќе западноевропски земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.