| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски се сретна со лидерите на ЕУ: Лобираме за државните и националните интереси (ФОТО+ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го искористи гостувањето на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП) за да оствари билатерални средби со лидерите на Европската унија.

Во рамките на конгресот и самитот на ЕПП на Малта, Груевски се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На средбата со Туск, освен Груевски присуствуваше и дел од партиското раководство, Никола Попоски, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски.

Присуството на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот, според Груевски, е важно за лобирање за стратегиските интереси на Македонија и за актуелната политичка ситуација.

Во Малта, Груевски се сретна со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, Јанез Јанша од Словенија, домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП,  Кристијан Шмид, Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top