-Секој човек си има своја перцепција, од свој агол си ги гледа работите, меѓутоа за некои работи мора да постои консензус, за националниот интерес тоа е многу важно. Јас не гледам дека некој нормален Македонец би прифатил барем една од точките од платформата. Дури и да не е од надвор платформата, да е од внатре платформата, дури и да е тука потпишана, во Жена-парк, за мене е неприфатлива – вели за „Република“ учесничката на протестот „За заедничка Македонија“.
-Јас и го учев албанскиот јазик пред десет години, кога никој не ме тераше да го учам, јас со моите пријатели се разбирам на основен албански, и знаат колку многу ги почитувам и ги сакам, но за некои работи навистина мора да има црвена линија – додава оваа редовна учесничка на протестните маршеви.
Таа смета дека партиите од условно македонскиот блок мора да постигнат консензус „за некои работи кои се важни за државата, како што во секоја држава постои тој национален интерес околу кој се обединуваат партиите“.
– Сѐ друго за мене е неприфатливо – додава за „Република“ оваа учесничка на протестите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)