Екипата на Челси, на секој начин ќе се обиде да го задржи во своите редови еден од најдобрите играчи, Еден Азар. Белгискиот репрезентативец е на мета на Реал Мадрид, но од Челси се надеваат дека ќе го одбијат налетот на „кралскиот клуб“.
Англискиот гигант е подготвен да му понуди „златен договор“ на Азар, според кој ќе заработува по 300.000 фунти неделно. Актуелниот договор на офанзивниот играч му гарантира 200.000 фунти неделно, што значи дека тоа би било зголемување на платата за 50 отсто.
Реал е подготвен да плати 100 милиони евра откупна клаузула за да го доведе Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.