Опозицијата во Србија планира крвава вечер по завршувањето на гласањето на претседателските избори. Откако стана јасно дека Александар Вучиќ е можно да стане претседател уште во првиот круг, веќе е изготвена стратегија како да настапи опозицијата.
Планот предвидува веднаш по затворањето на гласачките места да се прогласи изборна кражба и 300 хулигани да се степаат со полицијата во обид да се каменува Државната изборна комисија.Главни актери се Вук Јеремиќ, Бошко Обрадовиќ, Саша Јанковиќ и Саша Радуловиќ.
Нивната намера е Србија да ја втурнат во системски хаос, како во Македонија, и без избори да дојдат на власт.
Речиси исто сценарио се случуваше и во Македонија. На изборите во 2014 година Зоран Заев од СДСМ не ги призна резултатите и поразот со изговор дека имало фантомски гласачи, што беше вовед во политичка криза која трае и денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.