Нема да дозволиме да не водат политичари кои имаат намера да ни го сменат името, химната и знамето, политичари кои се намерачиле да ни го сменат идентитетот, порачаа присутните гевгеличани на вечерашниот протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Поддржувачите на иницијативата минаа низ главните градски улици покрај штабовите на најголемите македонски партии од кои беше побарана одговорност во носењето одлуки од интерес на државата и отфрлање на тиранската платформа.
Гевгеличани повикаа на сплотеност на сите граѓани, на живот во унитарна држава, а на амбасадорите од европските држави им порачаа да не ни се мешаат во решавањето на нашите внатрешни проблеми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.