Писателот Михаил Ренџов иако вечерва поради оправдани причини не беше присутен пред Собранието на Република Македонија каде што испрати послание до сите присутни „За заедничка Македонија“.
Игор Дурловски го прочита пред присутните посланието или черемен запис на Ренџов.
-Македонија и Македонците во овој свет на агресија и жестока омраза и уривање посебно од најблиското опркружување, пак ќе победат, како што победувале во минатото. Ќе прашате со што? Со човекољубието, со божјата даровитост, со љуботвта, Македонцот не знае да мрази и убива, со добрината на срцето и душата, со митското трпение и упорноста, тоа се основните состојки за неговото битие. Македонецот го убивале, го прогонувале, го опожарувале, го раселувале, раселувале, го ослепувале, му го корнеле јазикот, а тој повторно прогледувал, прозборувал и повторно упорно градел и садел. Македонците низ историјата и сега вака си ја кажуваат историјата се разбира со песна, не офкаме, туку пееме, со песната тагата ја совладуваме, со трпението надмудруваме, со орото оживуваме, а со смртта победуваме, стои во дел од писанието што го прочита пред присутните во чест на Ренџов, Игор Дурловски.
Тој исто така рече дека ние сме излезени од библијата и ако треба повторно ќе се вратиме во неа, а со тоа пак ќе сме во вечноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.