Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Валета, оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Малта, Џорџ Вела.
Минитерството за надворешни работи соопшти дека ова претставува прва работна средба меѓу министрите за надворешни работи, по неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Малта.
На средбата, како што стои во соопштението, е разговарано за приоритетите на ЕУ, за интересот членството во ЕУ да се приближи до граѓаните на Република Македонија и до останатите земји од Регионот, како и за предизвиците со мигрантите.
Разгледани се и можностите за продлабочување на билатералните односи и ангажманот на Малта, како земја-претседавач со ЕУ, да овозможи поскорешно отпочнување на преговорите за членство на РМ во ЕУ, со оглед на позитивниот став во однос на процесот на проширување на ЕУ.
– Искуствено, се чини, дека една јасна европска перспектива ќе помогне многу повеќе, отколку илјада други обиди за помош однадвор во политичката криза“, нагласил Попоски на средбата во МНР на Малта.
Договорено е интензивирање на билатералните контакти и средби, како и зајакнување на соработката во претстојниот период, како и меѓусебна поддршка на мултилатерално ниво.
Дополнителен импулс во таа насока, се очекува да даде и поставувањето нерезидентни амбасадори на двете земји, кои ќе покриваат од Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.