| четврток, 6 декември 2018 |

СКАНДАЛ: Зијадин Села во Собрание ги обвини Македонците за геноцид врз Албанците (Видео)

„Не само геноцид од годините кои се спомнуваат во платформата, туку треба да се говори и за геноцидот врз Албанците кој се случува потоа“. На овој начин пратеникот Зијадин Села кој го негираше постоењето на македонскиот идентитет и на Македонците пред 100 години, обвини за геноцид врз Албанците во Македонија.

Пратеникот и партнер на Зоран Заев, Зијадин Села на денешната Собраниска седница потврди дека пости Платформата и ги обвини Македонците дека се геноциден народ.

-Има заедничка декларација на политичките албански парламнетарни партии дали сум јасен? Оваа заедничка декларација е ново во политиката тука во Македонија. Оваа заедничка декларација уште еднаш ќе повторам е на полтичките албански партии и вие може да употребувате разно, разни поими да ја нарекувате Тиранска или Приштинаска платрорма, како што сакате можете да ја наречете истакна Села.

Тој покрај тоа што потврди дека постои оваа Платформа ги обвини и Македонците дека сеуште имаат геноцидни тенденции кон Македонскиот народ.

Пратениците на СДСМ останаа неми и не реагираа на ваквите обвинувања на Зијадин Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top