Ако господинот Зоран Заев лаже дека не постои договорена и прифатена платформа од Тирана, господинот Ејуп Халими не лаже. Ако госпоѓата Шекеринска лаже дека нема разговори за резолуција, за осуда на евентуален геноцид врз Албанците, господинот Ејуп Адеми не лаже. Ако господинот Заев лаже дека не е разговарано за менување на Уставот, на законите, за територијална реорганизација, кантонизација, господинот Зијадин Села не лаже, истакна пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
–Ако СДСМ преку господинот Тунтев лаже дека платформа од Тирана не постои, граѓаните во Охрид и во Битола и во Скопје и во Струга и во Велес знаат дека платформата постои и некој што е уценет, аболиран, заглавен во криминал, за да се извлече од судските процеси ја прифатил таа платформа за да се спаси како личност и како политичар – рече Милошоски.
Немаме против, додаде Милошоски, некој да има своја платформа, но имаме против кукавички да ја подметнува по избори.
–Ако сакате платформата да биде верификувана, за неа да се разговара и да биде дел од проектите на која било идна влада или Собрание, излезете на избори и граѓаните нека се изјаснат. Не лажете го народот по избори. Пред избори зборувавте за евтина струја, а сега зборувате за скапа платформа. Пред избори зборувавте за минимална плата, а сега гледаме дека платформата е минимална уцена за некој да ја исполни личната амбиција да дојде на власт и да се спаси од судскиот процес – истакна тој.
Милошоски побара да добијат стенограм и да може да се продолжи со дискусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)