| четврток, 6 декември 2018 |

Херитиџ до Трамп и Тилерсон за Македонија: Истрагата за УСАИД и Сорос да оди до крај, проблемот е голем и многу раширен

Највлијателната Фондација во Вашингтон и блиска до претседателот Доналд Трамп и државниот секретар, Рекс Тилерсон објави обемна анализа за работата на УСАИД и Џорџ Сорос во државите во светот. Фондацијата повика на истрага од Тилерсон, но пониду и неколку решенија како да се спречи идното мешање на Сорос и УСАИД во политиките на други држави.

Постојат веродостојни докази дека во текот на мандатот на Барак Обама, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) беше искористена за да се промовираат политики во странство кои во американското општество се уште се контроверзи и не им служат на националните и безбедносните интереси. За да се постигнат овие цели, УСАИД, во некои држави соработува со групи финансирани од милијардерот Џорџ Сорос, 22 најбогат човек во светот според Форбс. По жалбите од неколку странски претставници, група од шест сенатори побараа од американскиот Државен Секретар Рекс Тилерсон да ги испита овие извештаи. Тилерсон треба да спроведе истрага, и конгресните комисии треба да одржат рочишта, анализира реномираната Фондација Херитиџ, блиска со американскиот Претседател Доналд Трамп и Државниот Секретар, Рекс Тилерсон.

Во анализата се наведува дека УСАИД се карактеризира себеси како водечка владина агенција која работи за да се стави крај на сиромаштијата и промовирање на демократијата и граѓанското општество во светот.

Во текстот се наведува дека УСАИД станал инструмент на Обама за промовирање спорни агенди.

-Иако намалувањето на сиромаштијата и промоција на демократија уживаат широка поддршка меѓу Американците, УСАИД во времето на администрацијата на Обама се претвори во една од инструментите за промовирање на спорни агенди кои не успеале да бидат прифатени со консензус во рамките на самото американско општество, пишува Херитиџ.

Според фондацијата, УСАИД ова го правела во Ирска, Македонија но и во Африка и Централна Америка.

Херитиџ пишува дека за промоција на радикалните агенди, во неколку држави УСАИД станал партнер со Џорџ Сорос.

-Тој потроши милијарди за да го легализира абортусот во Ирска и Мексико, да ги декриминализира дрогите во Индонезија, прогресивни тактики за мобилизација во Македонија, за да спроведе мир со нарко-марксистичките бунтовници во Колумбија што беше одбиен од страна на граѓаните на референдум, за да ги поддржи трансполовите права во Гватемала, за да го преслика Израел како прекршувач на човековите права и за да ја легализира проституцијата низ целиот свет, но и други глобални иницијативи, пишува Херитиџ.

Организацијата потсетува дека Соросовите Фондации „Отворено општество“ добивале пари од даночните обврзници на САД преку УСАИД.

Шест републикански Сенатори веќе испратија писмо до Државниот Секретар Тилерсон, пишува Херитиџ, повторувајќи ги барањата на Сенаторите.

Во анализата на оваа организација се посочуваат и неколку предлози, што треба да се направи за да се спречи УСАИД и Сорос да делуваат во странски држави.

Прво, креаторите на политиките во САД треба да ја разберат големината на проблемот. Јавно достапните докази покажуваат дека парите на УСАИД се користат за поддршка на Фондацијата „Отворено Општество“ или групи поврзани со Сорос во речиси секој регион на светот, но без истрага, како што бараа сенаторите, ќе биде речиси невозможно да се открие вистината.
Второ, Стејт Департментот треба да направи целосна истрага. Секретарот Тилерсон треба да нареди истрага на УСАИД и на Стејт Департментот во врска со трошоците и соработката со лица од САД, вклучувајќи ги невладините организации поврзани со Џорџ Сорос. Канцеларијата на Генералниот Инспектор од Стејт Департментот која е создадена со цел да истражува за ваквите активности на американските амбасадори и дипломатски позиции во светот, би можел да биде совршено прилагодена за да им помогне во истрагата.
Конгресните сослушувања се од суштинско значење за да се осветлат групите кои се финансирани од даночните обврзници, а ги поддржуваат контроверзните политики. Како што се предвидува со Уставот, Конгресот има улога на надзор над работата на Стејт Департментот и УСАИД. Покрај тоа, Конгресот е одговорен за американските даночно обврзници и треба да осигура дека парите се трошат корисно. И Сенатот и Претставничкиот дом треба размислат за сослушување од страна на релевантни Комисии, се барањата на Херитиџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top