| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот суперавтомобил на Путин (ВИДЕО)

Идниот автомобил на рускиот претседател Владимир Путин е тестиран на замрзнато езеро во Шведска, пишува порталот „Мотор 1“.

Во написот се вели дека изворот располага со слики од проектот „Кортеж”, започнат 2012 година со цел – создавање автомобил за првите лица на руските власти. Меѓу попознатите марки се спомнуваат седани (веројатно од марката „Ролс Ројс“ или „Бентли“), потоа лимузини, миникомбија и џипови.

Претходно се појавија информации дека првите автомобили од проектот ќе бидат претставени идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top