Синот на седумкратниот шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, Мик (18) се обрати во јавноста по четири години од како неговиот татко доживеа страшна несреќа на скијање во Франција. Мик Шумахер за само неколку дена ќе започне да се натпреварува во Формула 3, а пред почетокот прозборе за својот татко Михаил, по тешката несреќа во Марбела.
-Мојот татко е мој идол. Тој е најдобар, мој пример, изјави синот на седумкратниот светски шампион и на тој начин по прв пат во јавноста проговори за славниот татко.
-Сакам да бидам светски шампион во Формула 1. Тоа дефинитивно е моја цел. Тоа е нешто што го посакува секој возач, изјави Шумахер јуниор, на кого му предвидуваат блескава кариера.
-Се уште е млад и има уште многу да учи. Но, доколку има барем половина талент како најдобриот возач во Формула 1 во историјата, тогаш не треба да се грижи. Тоа му е барем половина пат кон целта, се прогнозите на критичарите за синот на Шумахер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија