Вчера, Мирко Филиповиќ „Кро Кап“ го предизвика Федор Емелианенко од Русија на реванш, борба со којa ќе стави крај на богатата кариера на хрватскиот борец.
Не се чекаше многу на одговор од страна на Русинот, кој на Фејсбук напиша: „Нема проблем “. Тоа беше одговор на провокацијата на Мирко, кој претходно се прашуваше дали Русинот ќе се осмели да ја прифати понудата.
Потенцијалната борба со која двајцата ММА великани ќе заминат во пензија ќе биде нов спектакл, кој би можел да се случи на крајот од тековната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира