Со гордост настапи под македонското знаме и освои олимписки медал. Македонскиот борач Могамед Ибрагимов е првиот и засега единствениот медалист за Македонија како независна држава. Денес – седум годни подоцна повторно гордо стои со македонското знаме и го охрабрува сите спортисти да нижат врвни успеси под тоа знаме.
-Со ова македонско знаме јас сум освоил олимписки медал во Сиднеј и сакам со ова знаме и сите други, не само борачи, туку и сите македонски спортисти да освојат и други повеќе медали.
Ибрагимов е еден од бројните македонски спортисти, кој си ги сака државните бои, знамето, химната, името и кои даваат поддршка За заедничка Македонија.
Македонскиот борач, покрај олимпискиот медал, има освоено и бројни медали за нашата држава.
На летните олимписки игри 1996 се натпреваруваше за Азербејџан и го освои петтото место во борење во слободен стил во категорија до 82 килограми.
Од 1997 година се приклучи на Боречкиот Клуб Бучим Јака од Радовиш, каде настапуваше во Купот на европските шампиони.
На Светското првенство за сениори во 1998 година, во Техеран Иран го освои второто место за Македонија. Инаку, овој медал беше прв од ослободувањето на Македонија на Светските првенства.
Потоа, на Европското првенство во Минск-Белорусија во 1999 година, Ибрагимов го освои првото место и златниот медал за Македонија.
На летните олимписки игри 2000 се натпреваруваше за Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми. Со тоа тој стана првиот и засега единствениот медалист за Македонија од нејзината независност до сега.
Додека пак, на летните олимписки игри 2004 заврши 19-ти во борење во слободен стил во категорија до 84 килограми откако беше елиминиран во првата рунда.
Могамед Ибрагимов од 2015 година е потпретседател на Федерацијата на Боречки спортови на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)