| четврток, 6 декември 2018 |

Елена и Хари со видеоспот за дуетската песна (ВИДЕО)

Нашата Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Варешановиќ – Хари Мата Хари го промовораа спотот за дуетската „Још ме плашиш“.

Спотот започна да се снима уште пред неколку месеци во Скопје, а дел од кадрите се доснимија во Белград.

hari

Автор на музиката на оваа песна е токму Хари, текстот го напишаа Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, додека аранжманот е дело на нашиот Дарко Димитров.

elena risteska

Делот од спотот беше под режисерската палка на Васил Христовски, како директор на фотографија се потпишува Дуле Кардалески, а за организација се погрижи „Џубокс продукција“.

elena risteska 2

За стајлингот на Елена и овој пат задолжени беа нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу.

elena risteska 2

На останатиот дел од спотот, кој се досними во Белград како режисер се потпишуваат Мурис Беглеровиќ и „Готива продукција“.

Извршен продуцент на овој спот е Елена Ристеска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top