Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира Книжевнo пладне по повод 30 години од смртта на големиот македонски писател Живко Чинго.Чествувањето ќе се одржи на 30 март (четврток), со почеток во 12.00 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. За делото на Чинго ќе зборува проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а делови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов.
Живко Чинго (1935-1987)– еден од најпознатите раскажувачи, романсиери и драмски автори во македонската книжевност. Негови значајни остварувања се збирките раскази Пасквелија, Нова Пасквелија, Пожар, Вљубениот дух, Накусо, Гроб за душата, Бунило, романот за деца Сребрените снегови, романите Големата водаи Бабаџан и драмите Образов, Ѕидот,водата, Кенгурски скок и Макавејските празници. Преведен е на повеќе јазиици и добитник е на најважните книжевни награди.
За неговото дело академик Георги Старделов ќе напише: …Светот на Живко Чинго е чудесната земја Пасквелија(според селото Пасквел, некаде покрај езерото), колку имагинарна, толку и сурово стварна. Неговата проза, всушност ги открива големите тектонски пореметувања во животот на луѓето. … Раскажувачкиот свет на Чинго е опседнат од една драматична револуционерна тематика на нашето живеење, откривајќи ни во него бурни, преломни и потресни настани… .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Музејот на современа уметност доби Библиотека и истражувачки центар
-
„Влези во нов свет“ – Прва национална кампања за подигање на свеста за улогата на библиотеките во заедницата