| четврток, 6 декември 2018 |

Се разигра Гранде Пандев: Два гола за водство од 3-0

Кога капитенот Горан Пандев е разигран се е полесно за македонската репрезентација. Македонија благодарение на двата погодоци на „Гранде Пандев“ води против Белорусија во пријателскиот натпревар на „Телеком Арената“ во Скопје веќе со 3-0.

Најпрво, капитенот стрелаше во 61. минута за водство од 2-0…

А, потоа по навистина убава акција во 69. минута и асистенцијата од Алиоски, Горан Пандев со глава погоди и за 3-0…

Со најновите два гола, Горан Пандев веќе има 29 погодоци во дресот на македонската репрезентација.

Во 73. минута Горан Пандев беше повлечен од игра, замене со Трајчевски, а присутните навивачи на „Телеком арената“ со овации го испратија најдобриот македонски фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top