Асоцијацијата на професионални тенисери ќе ги тестира промените во правилникот на играра на турнирот од 7 до 11 ноември во Милано. Главната промена е тоа што при резултат 40-40 во гемот, тенисерите ќе играат „златен поен“.
При сервирањето, доколку топката ја погоди мрежата играта ќе продолжи и нема да има втор сервис, а поенот директно ќе го добие противникот доколку првиот сервис не падне во полето.
Од експериментот на овој турнир за млади категории ќе се извлечат поуки и ако доби „зелено светло“ новиот правилник од следната година ќе биде имплементиран и меѓу професионалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.