На најдобар можен начин ќе избереме претседател на Собранието со кој ќе бидат задоволни граѓаните коишто победиле на изборите, порача Антонио Милошоски на денешната конститутивна седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Вели дека мора да се почитува dневниот ред, така како што е утврден и оти моментно најважен е квалитетот на дебатата.
– На крајот на краиштата, како што кажа еден политичар, сега е време за дебата и мислам поважен е квалитетот на дебатата и аргументите од кое било брзање. Брзањето може само да нѐ однесе во погрешна насока. Ние од граѓаните сме избрани за максимално да ги искористиме можностите за дебата со аргументи и нормално дека тоа ќе го направиме – истакна Милошоски.
Укажа на потребата да се почитува дневниот ред, така како што е утврден, без, како што вели, разгорување на какви било тензии и без какви било нервози и дофрлање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)