| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакл во Бејрут, ветераните на Барселона и Реал Мадрид ќе одиграат уште едно Ел класико

el klasiko

Вистинските вљубеници во фудбалот ќе имаат можност уште еднаш да го видат на дело бразилскиот виртуоз, Роналдињо. Бразилецот повторно ќе го облече дресот на Барселона и тоа против најголемиот ривал Реал Мадрид.

Роналдињо го најави Ел класико на ветераните на двата најголеми шпански клубови, кое ќе биде одиграно на 28 април во Бејрут. Мечот во Либан ќе биде на програмата само четири дена по она вистинското „Ел класико“, кое се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на Примера.

Сè уште нема официјална потврда кои ќе бидат останатите фудбалери кои ќе ги носат дресовите на Реал Мадрид и Барселона. Роналдињо ќе остане запаметен како еден од ретките фудбалери на Барселона кои добиле овации на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа се случи во 2005 година, по победата на Барселона од 0-3.

Покрај Роналдињо, единствено со аплаузи на „Сантијаго Бернабеу“ е испратен уште еден фудбалски бог, Диего Армандо Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top